• Саше Љолес

Репрезентацијата на Јапонија ги задржа шансите за пласман во четвртфиналето на одбојкарскиот турнир на Олимписките игри, откако славеше над Аргентина во второто коло од групата Ц со 3-1 во сетови (25-16, 25-22, 18-25, 25-21).
„Самураите“ беа многу подобар противник и сосема заслужено ги впишаа првите бодови на своето салдо, но за директен пласман меѓу осумте најдобри ќе мораат во следното коло да остварат позитивен резултат против Соединетите Американски Држави и да се надеваат на пораз на Германија од Аргентина.
Ова сценарио е секако многу тешко да се реализира, но сепак азиската селекција ќе има шанси да мине понатаму како една од најдобрите третопласирани тимови.
Италија и Полска се првите две селекции кои математички обезбедија пласман во елиминационите натпревари.