• Иван Димовски
Одбојкарките на Јанта Волеј од Кисела Вода ја завршија дебитантската европска авантура.
Македонскиот тим претрпе втор пораз од Младост и во Загреб (3-0) за елиминација во шеснаесетинафиналето на ЦЕВ Купот за дами. Откако загубија во Скопје со истиот резултат, избраничките на Никола Јаневиќ немаа сили за сензација ниту во Загреб.
Младост го доби првиот сет со 25-11, а потоа Јанта Волеј пружи отпор. Вториот сет Македонките го загубија со 25-16, додека во третиот беа најблизу (25-22).
Најефикасна одбојкарка на Јанта Волеј беше Јасмин Ледесма со седум поени, додека Мароевиќ и Јаневиќ забележаа по пет.