• Саше Љолес

Женскиот македонски одбојкарски клуб, Јанта Волеј учествуваше на третиот меѓународен одбојкарски турнир, кој се одржа во Градишка, Република Српска. Македонскиот прволигаш имаше шанса да се натпреварува со многу силни екипи и тоа претставува одлична подготовка за следната сезона.
„Турнирот на пријателството“ беше домаќин на неколку екипи од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Република Српска. Македонските девојки остварија забележителен пласман и турнирот го завршија на третото место.
Организаторите на турнирот велат дека конечниот пласман не бил најважниот сегмент и се задоволни од квалитетните одбојкарски мечеви меѓу најсилните екипи од регионот. Турнирот го освои екипата на Борац од Бања Лука, а второпласиран беше домашниот тим на Градишка.