• Зоран Мишевски

Јанта волеј го совлада Работнички Скопје со 3-1 (25-21, 25-17, 24-26, 25-23) и израмни на 1-1 во финалната серија од разигрувањето во Првата македонска женска одбојкарска лига.
Двете екипи имаат по еден триумф досега, а шампионскиот пехар ќе го крене онаа која прва ќе оствари три победи. Тоа значи дека ќе има уште најмалку два натпревара, а следниот е в четврток на теренот на бранителките на ланскиот трофеј - одбојкарките на Работнички Скопје.
Во овој момент тешко е да се даде фаворитската улога на една од двете скопски екипи, па нијанси ќе решаваат за новиот првак.
Машкото финале исто така е пред разврска. Струмица Никоб води во серијата против ГОК Борец со 2-0 и ако утре извојува победа против велешани во „Парк“, ќе ја прослави десеттата титула.