Јанта Волеј преку пресврт поведе во финалната серија против Работнички

Бранителките на титулата, одбојкарките на Јанта Волеј Кисела Вода, со предност ја отворија финалната серија во домашниот одбојкарски шампионат, откако во првиот натпревар извојуваа гостинска победа над Работнички со 1-3 (28-26. 18-25, 19-25, 20-25) во сетови. 

Иако првиот сет им припадна на одбојакрките на Работнички (28-26), во продолжението од натпреварот на паркетот во малата сала во СЦ „Борис Трајковски“ доминираа гостинските и заслужено се изборија за водство од 1-0 во оваа серија. Во вториот сет Јанта Волеј славеше со 18-25, потоа со 19-25 поведе со 1-2, а во четвртиот сет домашниот тим собра 20 поени и им ја препушти предноста на противничките.

Татјана Машковски со своите 18 поени и еден ас беше најрасположена во победничкиот табор, каде солидна беше и Осиќ со 13 поени и три аса. За Работнички се истакна Стојанова со 17 поени и еден ас.

Финалната серија продолжува во вторник, а домаќин на овој дуел ќе биде Јанта Волеј во Кисела Вода.