Јанта волеј победички се враќа од Битола, Работнички-Жени со нова убедлива победа

Засега нема пречка за екипата на Работнички–Жени во шампионатот на Македонија во одбојка во женска конкуренција. Ниту Наковски волеј не го запре победничкиот курс на ривалот во дербито на колото во коешто Виктори волеј не можеше да му парира на Работнички–Скопје на гостински терен. Јанта волеј славеше во Битола, па сега е вистинска мешаница во трката за четвртото место. Ускана ја искористи подобрата форма и се изедначи со Универзитет во Тетово, а пролетва е повесела и за Македонија Макс која е во низа од три победи.

Втора фаза - 3. коло
Наковски волеј – Работнички–Жени 0-3 (21-25, 23-25, 21-25)
Работнички–Скопје – Виктори волеј 3-0 (25-14, 25-21, 25-20)
Пелистер волеј – Јанта волеј 0-3 (17-25, 17-25, 16-25)
Ускана – Универзитет во Тетово 3-1 (25-20, 18-25, 25-16, 25-23)
Бами Кор – Македонија Макс 0-3 (19-25, 18-25, 12-25)
Слободен:  УГД Студент–Жени

Работнички-Жени е лидер со пет бода предност пред Работнички-Скооје.