Јанта волеј падна на дербито кај Наковски волеј во Струмица

Победата на одбојкарките на Наковски волеј против Јанта волеј во четири сета е веста на колото во одбојкарскиот шампионат на Македонија. Со оваа победа помладиот струмички клуб се вклучи во битката за второто место, кое го држи токму скопскиот клуб.

Прва лига (жени)
Втора фаза-1, (четврто коло):

Наковски волеј – Јанта волеј                         3-1 (25-19, 25-17, 20-25, 25-14)
Работнички Скопје – Струмица жени             (понеделник, 10 март)

Струмица жени е единствена непоразена и од првото коло е на врвот, а четири бода зад неа заостануа Јанта волеј.

Прва лига (жени)
Втора фаза-2 (четвртто коло):

Вардар жени – Фит фан волеј                       0-3 (19-25, 16-25, 23-25)
Вардар ЕМ – Младост УГД                            0-3 (14-25, 23-25, 23-25)

Фит фан волеј со скор од 10 победи и 8 порази е лидер, пред Младост УГД и Вардар ЕМ.