Јанта Волеј освои сет со Ла Канет, Работнички без сила во Естонија

Македонските претставници на женската евро-сцена, Јанта Волеј и Работнички, ги загубија своите први настапи во Лигата на шампионите и ЦЕВ Купот во втората рунда.

Јанта Волеј во Скопје се соочи со француски Ле Канет во рамки на квалификациите за ЛШ, од кого загуби во четири сета со резултат 15-25, 10-25, 25-20 и 9-25. Мери Бошковска беше најдобра со 17 поени, додека кај францускиот тим, Аида Даутова запиша 14 поени.

Слично беше и со Работнички, кој на гостувањето кај Рае во Естонија исто така загуби, но во три сета, со резултат 15-25, 24-26 и 18-25. Естонката Кристел Алорг беше прво име на мечот со 18 поени, додека кај македонскиот тим, повратничката Тамара Стојанова запиша 16 поени.

Нашите екипи ги чекаат реваншите во евро-куповите, на кои ќе се обидат да ја поправат сликата од изданијата на првите средби.