Јанта Волеј не успеа до сет против Лви Прага

Вториот македонски претставник во Челинџ Купот на ЦЕВ, екипата на Јанта Волеј, исто како и Работнички доживеа пораз на европската премиера.

Тимот од Кисела Вода играше како домаќин во Куманово, а натпреварот со чешкиот клуб Лви Прага го загуби со 0-3 во сетови (17-25, 6-25, 15-25).

Најдобра поентерка кај Јанта Волеј беше Дестини Алис Нелсон со осум поени, а Сидни Мур имаше пет, додека кај Прага, се истакна Јана Фиксова со девет постигнати поени.