Јанта Волеј испиша историја, славеше и на реваншот со Гацко во Лигата на шампионите

Одбојкарките на Јанта Волеј ја минаа првата пречка во квалификациска рунда во ЦЕВ Лигата на шампионите, откако извојуваа победа и на реваншот во Требиње против домашниот тим на Гацко со 2-3 (26-24, 21-25, 19-25, 25-18, 15-13).

Ривалите одиграа сличен натпревар како пред една недела во Скопје, со многу пресврти, надмудрување и возбудувања, за на крајот одново во тај-брејк и на разлика да се одлучува победникот.

Мери Бошковска со 17 поени беше лидер на тимот, додека средните блокери Јасмин Ледесма и Татјана Јаневиќ имаа по 12 поени. Двоцифрена беше и Ана Старчевиќ со 11 поени.

Во третата рунда од квалификациите од Лигата на шампионите, Јанта Волеј ќе се соочи со француски Волеро ле Кане, со кој првиот меч го игра на 13 ноември на гостински терен.