• Зоран Мишевски
Претпоследното коло од есенскиот дел во Првата женска лига донесе интересни натпревари во кои шампионот Јанта Волеј Кисела Вода и вице-првакот Работнички Скопје во дуели кои се решаваа во тај-брејкот ги совладаа Вардар ЕМ, односно Младост УГД.
Во дуелот на скопските екипи, вардарки влегоа силно мотивирани и тие да го земат „скалпот“ на шампионот, но може да бидат задоволни и со бод. Бранителот на титулата одигра сигурни два сета, во кои имаше убедливо враќање во играта и намали на 2:1, но наместо да го зададе последниот удар, му се случи нов пад во играта. Во тај-брејкот пресуди искуството со кое Јанта Волеј КВ ја прекина лошата серија во првенството.
Работнички Скопје, пак, имаше големи проблеми на гостувањето во Штип, кај Младост УГД. Гостинките отворија со 1-0, но во продолжението Младост УГД се избори за пресврт и водство од 2-1. Штипскиот состав е сериозно решен сезонава да се замеша во трката за една од титулите и тоа го потврдува со играта која ја покажува. Работнички Скопје успеја да ја смири играта, да остане мирен и дисциплиниран во следните два сета и да дојде до двата бода во овој дуел.
Лидерот Наковски Волеј беше убедлив во градското дерби со Струмица жени и нема дилеми дека на првото место ќе го заврши првиот дел од сезоната. Дуелот од дното меѓу Ускана и Фит Фан Волеј не се одигра поради технички проблем, додека осмото коло кај дамите ќе биде комплетирано в понеделник, кога се игра уште едно дерби во Битола, меѓу новите прволигаши Пелистер Волеј и Газели Волеј.
Прва лига (ж)
Осмо коло:
Ускана – Фит Фан Воеј одложено
Наковски волеј – Струмица Жени 3-0 (25-20, 25-15, 25-21)
Младост УГД – Работнички Скопје 2-3 (21-25, 25-21, 25-22, 19-25, 12-15)
Јанта волеј КВ – Вардар ЕМ 3-2 (23-25, 25-11, 25-18, 23-25, 15-8)
Пелистер волеј – Газели волеј понеделник, 19:00