Јанта Волеј го совлада Вардар и го грабна првиот трофеј во Купот

Екипата на Јанта Волеј ја оправда фаворитската улога, па во финалето славеше над Вардар со 3-1 во сетови (25-18, 25-23, 20-25, 26-24) и го освои првиот трофеј во Купот на Македонија.

Во салата „Парк“ во Струмица следевме еден супер-возбудлив натпревар, со хепи-енд за тимот на Јанта Волеј кој во петтото финале во историјата конечно ја крена посакуваната титула во Купот на Македонија.

По првиот сет, во кој Јанта Волеј славеше со 25-18, во вториот сет фаворитот на хартија губеше од вардарки, ама се врати (25-23) и дојде до предност од 2-0. Во третиот сет ситуацијата беше поинаква, затоа што вардарки беа во бездната, ама славеа за да намалат (20-25), а во решавачкиот сет, беше изедначено до 22-22, па следеше 24-24, а преку третата сет-топка, Јанта Волеј дојде до титулата.

Најефикасни кај победникот беа Стојановска со 13 поени, Серафимова исто така имаше 13 поени, пред Маројевиќ која реализираше девет поени. За Вардар ова е прв пораз во Купот на Македонија во последните две сезони.