Италијанката Егону прогласена за одбојкарка на годината

Италијанската одбојкарка Паола Егону е прогласена за играч на годината. Егонu имаше одлична сезона 2020/21, стана шампион на Европа со Италија, победувајќи ја Србија во финалето во Белград пред четириесеттина дена.

Паола беше прогласена за најдобра одбојкарка на Европското првенство, Лигата на шампионите, италијанската Серија А и Купот на Италија.

Коректорот ги освои сите клупски и индивидуални награди.

ЦЕВ објави дека Егону е најдобра оваа година, а наскоро ќе биде прогласен и најдобриот одбојкар во Европа.