Италија според планот со Франција, ќе го брани златото од Полјаците

Одбојкарите на Италија одиграа според планот и ја исфрлија Франција во полуфиналето на Европското првенство, со победа од 3-0. Домаќинот во „Палацето дело Спорт“ ги израдуваа преполните трибини, па во три сета си обезбедија место во финалето на турнирот. 

Французите не излегоа во Рим со „бело знаме“, напротив играа рамноправно, поен за поен во првиот сет, а чекор загубија во самата завршница па домашните со 25-21 поведоа. Во вториот Италијанците беа поубедливи, дојдоа порано до поосетна предност која достигна шест поени предност, па иако гостите се обидоа да се вратат, го добија сетот со 25-19. 

Третиот сет мина одново со исто темпо. Италија диктираше темпо, играше подобра одбојка и водеше. Во овој сегмент фаворитот имаше и највисока предност на мечот од седум поени, а Франција се разбуди во завршницата. Сепак, „аѕурите“ не дозволија изненадување и продолжение на мечот и во три сета со 25-23, дојдоа до победата. 

Во одраната на европското злато Италија оди на мегдан со освојувачот на Златната лига, селекцијата на Полска.