Италија и Турција ги комплетираа полуфиналистите во женската Лига на нации

Репрезентациите на Италија и Турција ги комплетираа полуфиналистите на Лигата на нации во одбојка, чија завршница се игра во Анкара. Италијанките не дозволија подмладената кинеска селекција да се пласира меѓу четирите најдобри. „Аѕурите“ славеа со 3-1 во сетови (25-22, 25-19, 24-26, 25-22). Бонифачио и Ферсино се истакнаа во победничкиот табор.

Домашната турска селекција загуби еден сет, но сепак ја елиминита репрезентацијата на Тајланд со 3-1 (23-25, 25-15, 25-18, 25-21). Ѓунеш и Сахин целосно ја демонстрираа моќта на одбојкарска Турција, која редовно освојува медали и на клупско и на репрезентативно ниво.

Во полуфиналето в сабота ќе се сретнат Бразил - Србија и Италија - Турција.