Италија и Бразил ќе се борат за титулата од женската одбојкарска Лига на нации

Одбојкарите на Италија се пласираа во финалето на Лигата на нации во Анкара, откако вечерва ја совладаа Турција со 3-0 (25-18, 28-26, 25-22).

Италија до финалето ја предводеше најдобрата одбојкарка на натпреварот Пола Егону со 26 поени. Катерина Босети освои единаесет поени, а Ана Данези беше автор на девет поени.  Најефикасни кај Турција беа Ебрар Каракурт со 14 и Еда Ердем со 11 поени. Претходно рано попладнево Србија беше поразена од Бразил со 1-3.

Дуелот за третото место меѓу Србија и Турција е закажан за в недела од 14:00 часот, а финалето е закажано истиот ден во 17:30 часот.