Италија бронзена на Европското првенство за одбојкарки

Светскиот вицешампион Италија е освојувач на бронзениот медал на Европското првенство во одбојка за жени, кое годинава се одржува во четири земји, а завршницата на програмата е во Анкара. По вчерашниот пораз од Србија, „азурите“ се созедоа, беа далеку подобри од Полска и се закитија со бронза.

Малото финале заврши со 3-0 за италијанската репрезентазија (25-23, 25-20, 26-24 ) за неполни два часа игра. Со мал исклучок на третиот сет, во останатите немаше драматика и надигрување.

Натпреварот се златниот медал меѓу Србија и Турција се игра попладне во 18:30 часот. Фаворитки се бранителките на трофејот, Србинките, но домашната селекција ќе биде бодрена од трибините во обид да освои прво злато во својата историја.