ИСТОРИЈА: „Спартанците“ успеаја, Македонија ќе игра на ЕП во одбојка!

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја оствари посакуваната цел и преку квалификации за првпат во историјата се пласира на едно Европското првенство (ЕП). Во СРЦ „Кале“ падна Унгарија, која беше совладана со сигурни 3-0 (25-21, 25-20, 25-21) и со претходна „помош“ и на други репрезентации, одбојкарите го добија заслуженото.

Патот до европскиот одбојкарски собир беше трнлив, затоа што се зависеше и од други два меча. Шведска требаше да го победи Азербејџан, па потоа Летонија да го добие и Израел, што и се случи, па така, со триумфот без загубен сет се дојде до место во престижното европско одбојкарско друштво.

 

Мечот за Македонија почна доста тешко. Унгарците даваа голем отпор уште на стартот (5-6), а потоа откако нашиот блок профункционира и Љафтов почна да реди поени, се дојде до 8-6, а потоа и 10-8. Се водеше и со 13-9, меѓутоа Бароти почна да дели асови, па Унгарија со серија од 0-5 се врати и поведе (13-14). Се играше неизвесено и со два до три поени предност до самиот финиш на сетот. Македонија беше помирна и победи со 25-21, а потоа дојде и позитивната вест за триумфот на Летонија над Израел, со што сите работи околу пласман за Европското првенство беа во наши раце.

Во вториот сет немаше многу сервис-грешки и асови, а Македонија ја контролираше играта. Беше неизвесно до 6-5, а потоа Македонија поведе со 10-6 и константно имаше предност од четири поени. Се водеше и со 15-11, па и 19-14, а во финишот од сетот се имаше и позитива од 23-18, која беше доволна за предност од 2-0 во сетови.

Ревашачкиот сет почна исто како и претходните (3-3), по што Македонија направи серија од 6-0, се одлепи на 9-3, па се водеше и со 11-3, но Унгарците во средината се вратија на пристојни пет поени негатива (15-10). Потоа гостинот дојде и на 17-14, а се приреди и неизвесна завршница затоа што пред крајот на сетот, резултатот беше 20-19. но Матијашевиќ повика тајм-аут, ги среди мислите на репрезентативците, кои возвратија со добри поени и пласман на Европско првенство.

Најдобар поентер кај Македонија беше Никола Ѓорѓиев со 17 поени, Љафтов заврши со 14 поени, Манџуков запиша пет поени, по три имаа Милев и Андонов, Ѓорѓи Ѓорѓиев имаше два, додека Наков имаше еден поен.

Четири земји ќе го организираат Европското првенство: Словенија, Белгија, Холандија и Франција од 12 до 29 септември 2019 година

Ѓорѓиев: Успехот со Македонија е поголем од сите мои титули и МВП-признанија!

Сите учесници на ЕП: Македонската одбојка меѓу елитата, во септември ќе играме со гигантите!

Ждрепка за ЕП во одбојка: Следната недела Македонија ќе ги дознае противниците

ФОТОГАЛЕРИЈА: Одбојкарите со солзи го славеа ЕП и виеја оро на „Бисер Балкански“!