Истанбул по четврти пат домаќин на финалето во ЛШ во одбојка

Истанбул по четврти пат ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во одбојка по 2002, 2011 и 2013 година.

Завршниот турнир последен пат се играше во 2018 година во Букурешт, кога Вакифбанк Истанбул, славеше над Алба од Романија.

Од 2019 година до оваа година, финалето на Лигата на шампионите во двете конкуренции се играше во еден ден. Трофејот во Лигата на шампионите го брани Конељано, кој во 2024 година го победи Милано со 3-2 во сетови.

Натпреварувањето оваа сезона наскоро ќе стигне до Топ 8 фазата, а учество во него досега обезбедија Конељано, Езачибаши, Фенербахче, Вакифбанк и Скандичи.