Ираклис го промовира Филип Деспотовски

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Филип Деспотовски има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Грција.

34-годишниот техничар по две сезони во Динамо Букурешт реши да си замине и да тргне во нов предизвик. Понудата на Ираклис беше најдобра, па тој се согласи да игра кај јужниот сосед.

Ираклис во новата сезона влегува со големи амбиции. Деспотовски во кариерата играше уште и за Анагениси Деринеас (Кипар), Аркада Галаци (Романија), Тјумен (Русија), Динамо Букурешт (Романија), Томис Костанца (Романија), Залау (Романија) и Работнички (Македонија).