Илиев го напушти Вардар, заминува во хрватски Осијек

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Стојан Илиев ги напушта редовите на Вардар и заминува во интернационален предизвик, селејќи се во редовите на хрватскиот прволигаш МОК Мурса.

Илиев беше еден од најдобрите одбојкари во црвено-црниот дрес во првиот дел од сезонава, неговите одлични игри беа препорака за да добие интересни понуди од неколку клубови, од кои тоа на крајот за најдобра ја избра онаа од хрватскиот клуб.

Стојан Илиев секогаш го даваше максимумот во црвено-црниот дрес, што беше причина без размислување клубот да излезе во пресрет на во моментите кога посака да направи чекор напред во кариерата со трансфер во странство.