• Горан Упале
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го запиша и петтиот пораз во Европската лига, откако пред домашната публика во Скопје загуби од Хрватска со максимални 3-0 во сетови.
Избраничките на селекторот Гавриловиќ беа надиграни во сите сегменти од играта, а противникот без поголеми проблеми стигна до убедлива победа. Првиот сет заврши со 25-15, вториот беше уште поубедлив со 25-12, додека во третиот сет Македонија повторно немаше решение и загуби со 25-15. Нашите одбојкарки не успеаја да парираат на расположениот противник, кој од почеток до крај ја контролираше играта и резултатот. Најефикасна во нашата селекција беше Милевска која освои седум поени
Во последното коло од лигашката фаза, Македонија ќе се соочи со селекцијата на Словенија, во натпревар кој ќе се одигра во недела.