Холандија со убедлив триумф над Бугарија до полуфинале на женското ЕП

Репрезентацијата на Холандија е првиот патник во полуфиналето на Европското првенство во одбојка за жени. „Лалињата“ во четвртфиналето беа подобри од Бугарија со 3-0, по сетови 25-11, 25-13 и 25-19. 

Холанѓанките ја оправдаа фаворитската улога и ги решија сите дилеми околу победникот по само седумдесетина минути активна игра. Публиката во Фиренца беше сведок на едностран натпревар, затоа што Бугарките во ниту еден момент не претставуваа опасна пречка за ривалот. 

Во полуфиналето Холандија ќе се соочи со подобрата репрезентација од дуелот помеѓу Србија и Чешка.