Хендикеп пред евро-квалификациите: Маџунков не игра на првите три натпревари!

Македонската одбојкарска репрезентација наскоро ќе ги започне квалификациите за нов настап на Европското првенство. 

На турнирот кој ќе се одигра во „Борис Трајковски“ во Скопје нема да настапи Филип Маџунков. Средниот блокер и натаму се мачи со коленото кое ќе го остави надвор од конкуренција за првите три натпревари.

Списокот на селекторот Никола Матијашевиќ брои 14 имиња. Единствена негова дилема е позицијата примач, на која би можел да се појави Дарко Ангеловски, кој беше дел од тест натпреварите против Бугарија во изминатиот период.

Замена за повредениот Маџунков ќе биде Иван Андонов, а шанса за докажување ќе добие и младата надеж на македонската одбојка Филип Савовски.

Македонија утре ќе се надигрува со Босна и Херцеговина, а в среда ќе биде домаќин на Турција.