Хамди Бен Талеб: Сонував да играм во Европа, Струмица ми даде можност

Хамди Бен Талеб од Тунис пристигна во македонската одбојка и парафира за ОК Струмица. Дебитираше со Шкендија, а по првиот натпревар ги раскажа импресиите од стартот во европската одбојка.

Играчот е роден во 1999 година, игра како надворешен напаѓач, а за него Македонија ќе биде прва европска станица. Претходно, тој настапуваше за Олимпик Келибиа, Сахел, Есперанца и Хауарија, сите од родната земја.

„Отсекогаш сонував да играм во европската одбојка и да имам повеќе можности и успеав да ги остварам зацртаните цели оваа година. Се надевам дека ќе успеам да дојдам до уште посивоко ниво и ќе се борам да бидам на нивото за време на мојот прв професионален договор со Струмица“, изјави одбојкарот.

Македонскиот тим има три победи во воведните три меча на домашната сцена и важи за фаворит за освојување на првата позиција во лигата.