Хаџииљоски: Имаме настан во служба на Македонија, сакам да сме победници

Одбојкарската Федерација на Македонија и семејството Хаџииљоски по 49-ти пат ќе бидат организатори на меѓународен меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски-Чајка“, кој на од петти до седми август ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Меморијалот, кој премина во традиција и е константен во годишниот календар на Одбојкарската федерација на Македонија и оваа година се става во функција на машкиот сениорски национален тим. За турнирот кој ни следи говореше и Ивица Хаџииљоски, претставник на семејството и потпретседател на Одбојкарската федерација на Македонија.

„На мое големо задоволство, по 49 пат се организира турнирот во чест на мојот покоен татко кој беше основоположник на одбојката во Тетово и ја водеше македонската и тетовската одбојка долги години. Посебна чест и задоволство ми е што и овој пат како годините наназад овој турнир го ставаме во служба на репрезентацијата и имаме силни екипи - Швајцарија и Бугарија. Сакам да бидеме добри домаќини, се надевам на добри мечеви и ја повикувам македонската јавност да ја поддржиме Македонија. Желба ми е да бидеме победници на овој турнир, што би било посебно чувство“, изјави Хаџииљоски.

Прв ривал на Македонија ќе биде селекцијата на Швајцарија (петти август од 17:45 часот“, следниот ден ќе се судрат селекциите на Швајцарија и Бугарија, а на затворањето на турнирот Македонија ќе се соочи со Бугарија. (седми август од 19:00 часот).