Хаџи-Тосева: Знаеме што нè очекува на Медитеранските игри

Одбојкарската репрезентација на Македонија ќе настапи на Медитеранските игри во Таранто. Во пресрет на првиот натпревар на овие Игри, своите очекувања ги сподели Добрина Хаџи-Тосева која кажа:

„Подготвени сме за Медитеранските игри и со нетрпение ги очекуваме. Знаеме што нè очекува, ги знаеме противниците и со некои од нив веќе имаме одиграно натпревари. Подготовките поминаа во најдобар ред, сите сме подготвени и мотивирани. Ја очекуваме и македонската поддршка која многу ќе ни значи и дополнително ќе нè мотивира во Италија“.

Македонија ќе го отвори турнирот со натпревар против Турција попладнево во 17:00 часот. Вториот меч е за четири дена против Косово, додека на 26 и 27 август се играат дуелите со Грција и Алжир.