• Мартин Танасковски
По една седмица подготовки за Европската лига, женскиот национален тим на Македонија полека се адаптира на начинот на работа на новиот селектор Милош Гавриловиќ и неговиот стручен штаб.
Атмосферата на тренинзите е позитивна, работна, со голема дисциплина, одбојкарките тренираат во групи, со различни задача, а она што е јасно дека сите влегуваат во системот на селекторот Гавриловиќ.
„Тренираме во одлична атмосфера, полека влегуваме во системот на селекторот и верувам дека со квалитетна работа како и досега, дисциплина и заедништво можеме да одиме чекор напред и да се надеваме на позитивни резултати и оваа година. Смесни сме за предизвиците кои нè очекуваат, но во моментов сме фокусирани на тоа што подобро да ја темпираме формата. Минатата година имавме успешно претставување во Европската лига и потврдивме дека тимот има квалитет, карактер и стабилност. На овој собир имаме нов селектор и нов стручен штаб, стартуваме нов циклус со поинаква енергија и нови предизвици. Тимот е подмладен, а тоа носи свежина, амбиција и простор за развој.“, изјави Хаџи Тосева.
Комбинирано се работи на физичка подготовка и на техника, и постепено се преминува кон тактичките варијанти и анализата на противниците со кои ќе се соочи Македонија во Европската лига 2026.