• Зоран Мишевски
Грција е противник на двете сениорски одбојкарски репрезентации на патот до Европските првенства во 2026 година. Мажите ќе играат и со Грузија за четврти континентален настап едноподруго, а дамите со Австрија во обидот првпат да конкурираат за влез на еврошампионат.
Овој пат ЦЕВ реши групите да ги формира според рејтингот, што значи дека немаше ждрепка, а со оглед дека 21 репрезентација се дел од квалификациите, има седум групи со по три национални состави. Виза за европските првенства ќе обезбедат првопласираните седум и петте најдобри второпласирани селекции.
Термините за вкупно шестте натпревари се во август годинава и истиот месец 2025 година, а македонските селекцци тогаш ќе одиграат по два меча. Одбојкарите ќе почнат на гостување против Грузија на 17 или 18 август, а на 24 или на 25 август ќе ја пречекаат Грција. Следната година ќе одиме кај јужниот сосед на 13 август по што на 16 или на 17 август ќе и бидеме домаќин на Грузија. Дамите, пак, квалификациите ќе ги почнат на свој терен со Австрија на 17 и на 18 август, а на 28 или на 29 август ќе сервираат во Грција. Натпреварот со Гркинките дома ќе биде на 2 или 3 август 2025 година, а против Австрија на гости на 9 или на 10 август
Знаејќи дека беа осминафиналисти на последното Европско организирано и од Македонија со победи над Данска и над Црна Гора, на пласманот на ЕП 2021 во Финска со победа против моќната Турција, а на дебито во Љубљана во 2019 година ги совладаа Словенија и Белорусија, нашите одбојкари имаат голема шанса да го продолжат учеството на големата евро-сцена. Ова е објективна оценка, иако со Грција немаме позитивен биланс, а со Грузија забележавме победа во претквалификациите во Струмица пред точно десет години.
Одбојкарките, пак, се уште се во улога на градење на сениорскиот тим, којшто лани играше во Европската сребрена лига и загуби во двата меча против Австрија.
Квалификации за ЕП 2026 (мажи) – Романија, Бугарија
Група Ф: Македонија, Грција, Грузија
Грузија – Македонија (17/18 август 2024)
Македонија – Грција (24/25 август 2024)
Грција – Грузија (28/29 август 2024)
Грузија – Грција (9/10 август 2025)
Грција – Македонија (13 август 2025)
Македонија – Грузија (16/17 август)
Квалификации за ЕП 2026 (жени) – Чешка, Шведска, Турција
Група Ф: Македонија, Грција, Австрија
Македонија – Австрија (17/18 август 2024)
Австрија – Грција (24/25 август 2024)
Грција – Македонија (28/29 август 2024)
Македонија – Грција (2/3 август 2025)