Гостински триумф на Јанта волеј, нови бодови за лидерот Работнички-Скопје

Јанта волеј влезе во форма кога е најпотребно, па по Пелистер волеј, забележа исклучително значајна победа и кај Виктори волеј. Наковски волеј немаше сили да биде рамноправен на гостувањето кај Работнички–Скопје, па заостана во трката со ривалот за подобра почетна позиција во разигрувањето. УГД Студент–Жени го задржа успешниот курс во натпреварите со Ускана, а Бами Кор го доби локалното дерби со Универзитет во Тетово и ја прекина низата од десет лигашки порази.

Втора фаза - 4. коло
Виктори волеј – Јанта волеј 0-3 (13-25, 17-25, 22-25)
Работнички–Скопје – Наковски волеj 3-0 (25-16, 25-9, 25-13)
Работнички–Жени – Пелистер волеј (денес, 19:30)
УГД Студент–Жени – Ускана 3:0 (27-25, 25-13, 25-20)
Универзитет во Тетово – Бами Кор 1-3 (25-8, 15-25, 19-25, 21-25)
Слободна: Македонија Макс.

Работнички-Жени е лидер со 38 бода, два повеќе и натпревар помалку од Работнички-Скопје.