Гостинките ги однесоа сите победи во редовното коло кај одбојкарките

Нема дилеми околу тоа кои екипи ќе играат во Втората фаза-1 на женскиот одбојкарски шампионат на Македонија. Најважната победа минатиот викенд ја остварија одбојкарките на Струмица жени против Јанта волеј Кисела вода на туѓ терен, по што двата тима ги заменија местата. Струмичанки се трети, а шампионките четврти, додека, пак, водечките го одржуваат чекорот.

Работнички Скопје славеше кај Пелистер волеј за биланс 11-0, а Наковски волеј беше подобар од Фит фан волеј за 10-1. Универзитет во Тетово ја искористи слабата форма на Вардар жени, па ја забележа третатасезонска победа, со што се изедначи со Пелистер волеј и со Фит фан волеј.

Во Втората лига, Македонија Макс го доби дербито на непоразените со Вардар ЕМ во пет сета и сега самостојно го држиврвот во оваа конкуренција. Следуваат Ускана и Младост УГД откако кичевчанки се радуваа кај Виктори волеј, а штипјанки над Јанта волеј Форца. Бами Кор е петтопласиран со победа негатива по триумфот над ТЕ Волеј. Покрај Виктори волеј, без победа е и Куманово, кој беше слободен во оваа рунда.

Прва лига (жени)
11. коло:

Пелистер волеј – Работнички Скопје                  0-3 (11-25, 15-25, 17-25)
Фит фан волеј – Наковски волеј                          0-3 (22-25, 19-25, 16-25)
Јанта волеј Кисела вода – Струмица жени        0-3 (21-25, 19-25, 23-25)
Вардар жени – Универзитет во Тетово               1-3 (25-18, 16-25, 17-25, 15-25)