Голготата продолжува: Погледнете како одбојкарите патуваат за Варна! (ФОТО)

Неверојатно, но голготата на македонските одбојкари од минатата сезона продолжува. Тие вечерва со автобус заминаа за Варна каде од петок ги чека првиот турнир од Европската лига.

 

Macedonian national team wishes you a pleasant night:) #RoadToVarna #BussinessClassBuss #EuropeanLeague2016 #Cev

A photo posted by Gjorgi Gjorgiev (@gjorgiev6) on

Погледнете како изгледа автобусот со кој патуваат и во кои услови за време на ноќта ја минуваат границата кај Деве Баир. Добра вест е што ги има помалку на број, па покомотно ќе им биде во импровизираните кревети во автобусот. Оваа фотографија на Инстаграм ја сподели капитенот Никола Ѓорѓиев. 

On the way to Varna,Bulgaria.Flying high with bussines class #TeamMacedonia #RoadToFinal4

A photo posted by Nikola Gjorgiev (@kingniko7) on

Македонските одбојкари и тоа како заслужија да имаат подобри услови, посебно по ланскиот успех и второто место во Европската лига.