• Зоран Мишевски
Трофејниот одбојкарски стручњак, Зоран Терзиќ, и официјално е именуван за селектор на женската одбојкарска репрезентација на Србија откако потпиша договор до 2028 година. Терзиќ се враќа на местото на успехот, каде за две децении работа со најдобрите српски одбојкарки освои сè што можеше, а сега ќе има можност да се впушти во нова мисија во наредната година.
Трофејниот тренер за дваесет години на клупата на женската одбојкарска репрезентација на Србија освои исто толку медали. Сребро на Олимписките игри 2016 во Рио де Жанеиро и бронза на Олимписките игри 2020 година (играно во 2021 година) во Токио, злато (2018) и бронза (2006) на Светското првенство, сребро на Светското првенство 2015 година, три бронзени медали во Гран при (2011, 2013 и 2017 година), три злата (2011, 2017 и 2019), две сребра (2007 и 2021) и една бронза (2015) на Европските превенства, бронзен медал на Европските игри 2015 година, три златни медали (2009, 2010 и 2011 година) и бронза (201) ) во Европската лига и сребро на Универзитетските игри се неговите трофеи со српската селекција.
Терзиќ се враќа на кормилото, откако во претходните две години српскиот национален тим го водеше Италијанецот Џовани Гвидети.