Голема тетовска победа среде Скопје, лидерот Џио Струмица неприкосновен на врвот

Одбојкарите на Универзитет во Тетово вторпат сезонава го совладаа Вардар и потврдија дека се главен антагонист на лидерот Џио Струмица. Дуелот во СРЦ „Кале“ целосно мина во знакот на „жолтите“ од Тетово. Во ниту еден од трите сета немаше неизвесност, а одбојкарите на Универзитет во Тетово доминираа во секој сегмент. 

Значајна победа запиша и лидерот Џио Струмица, кој со половина сили освои бодови во Велес.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (4.коло)
Вардар – Универзитет во Тетово 0-3 (11-25, 13-25, 16-25)
ГОК Борец – Џио Струмица 0-3 (16-25, 8-25, 14-25)

Прва лига (мажи), Втора фаза-2, (4.коло)
Шкендија – Весна Пробиштип 3-0 (25-14, 25-15, 25-14)
Штип УГД Штип – Лирија 0-3 (28-30, 17-25, 15-25)
Дибра волеј – Јанта волеј 0-3 (19-25, 9-25, 20-25)

Извесно е дека во плеј-офот Џио Струмица ќе влезе од најдобрата стартна позиција, а зад струмичани следат Универзитет во Тетово и Вардар.