Голема криза во ОК Вардар, играчите и тренерите бараат раскин на договорите

Речиси и да не постои спортски клуб во Македонија кој не е погоден од пандемијата, а коронавирусот не им прави само здравствени, туку и финансиски проблеми. Клубовите трпат големи загуби, а според последните случувања ситуацијата е во редовите на одбојкарскиот клуб Вардар е сериозна, затоа што „црвено-црните“ се наоѓаат во голема криза.

Иницијативниот одбор на играчите и тренерите во Вардар го активира договорот потпишан од страна на претседателот на клубот и од федерацијата ќе побараат раскин на договорите. Причината за ваквата одлука на одбојкарите и стручниот штаб е неисплатените плати од страна на раководството, кои како што велат тие датираат уште од минатата сезона.

Соопштението на Иницијативниот одбор на ОК Вардар ви го пренесуваме во целост: 

„Почитувани љубители на одбојкарската игра и на ОК Вардар,

Сакаме да ве известиме дека финансиската криза во клубот која се повеќе се продлабочува, а со тоа не постојат услови за квалитетно тренирање и функционирањето на клубот иницијативниот одбор на играчите и тренерите го активираат договорот потпишан од страна на претседателот на клубот на ден 10 октомври 2020 година во кој се обврза за исплата на сите задоцнети плати и новите плати од август месец до октомври и тоа најдоцна до 10 ноември 2020 година и истиот не е испочитуван од страна на претседателот. Во рамките на тој договор мора да се напомене дека е исполнета (со задоцнување) регистрацијата на Милош Косовиќ, додека платата на Давид Стојанов е исплатена како позајмица со што можеме да констатираме за нерегулирани облигациони форма според договорот за соработка со истиот играч. 

Иницијативниот одбор донесе заклучок за прекин на обврските кон клубот и барања раскин на договорите кои се во важност во ОФМ.

Овој радикален чекор е превземен од причина што државната помош (ваучерот пд 55.000 евра) во целост е реализиран од страна на комерцијална банка Скопје , а сите финансиски обврски кон страна на играчите од минатогодишниот шампионат не се исплатени според договорите кои ги имаа потпишано со клубот. 

Бараме основачите на клубот да превземат во најбрз рок сериозни чекори за надминување на овој финансиски проблем за да недојде во ситуација да клубот во кои преставува единствен одбојкарски центар во градот прекине во своето постоење“.