ГОК Борец лесно го освои Тетово и ја надигра бледата Шкендија

Еден од фаворитите за висок пласман во одбојкарскиот шампионат на Македонија, ГОК Борец од Велес запиша очекувана победа на гостувањето во Тетово против Шкендија вопоследниот натпревар од шестото коло. Велешани во ниту еден од трите сета немаа проблеми и без драматика извојуваа победа.

За нешто повеќе од еден час во спортската сала на Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, ГОК Борец славеше со 0-3 (18-25, 20-25, 21-25). 

Џио Струмица и Универзитет во Тетово со по шест победи од исто толку натпревари се лидери, а ги следат одбојкарките на Вардар со пет победи и еден нерешен резултат.  

Натпреварите од седмото коло се играат следната сабота, недела и понеделник.