• Зоран Мишевски

Драмата во Тетово го одбележа машкиот одбојкарски викенд во нашата земја. ГОК Борец ја совлада Шкендија по голема борба во пет сета и со тоа остана во трка за второто место во Првата машка одбојкарска лига.
Гостинскиот триумф ги доближи велешани на дистанца од една победа во однос на тетовци, а придонесе актуелниот првак, Струмица Никоб, повторно да има најголем број триумфи - 13, со само еден пораз досега.
По четвртото коло во Втората фаза-1, јасно е дека Лирија и Работнички 47&22 ќе решаваат за последниот патник во полуфиналето.
Прва лига (мажи)
Втора фаза-1, (Четврто коло)
Струмица Никоб - Лирија 3-0 (25-17, 25-16, 25-18)
Шкендија - ГОК Борец 2-3 (23-25, 19-25, 25-19, 25-23, 14-16)
Работнички 47&22 – Весна Пробиштип 3-0 (25-17, 25-19, 25-16)
Прва лига (мажи)
Втора фаза-2, (Четврто коло)
Штип УГД – Сушево 1978 3-0 (25-14, 25-13, 25-20)
Универзитет во Тетово - Петровец 3-0 (25-14, 25-21, 26-24)
Слободна: Македонија Џио