ГОК Борец доведе украинско засилување за новата одбојкарска сезона

Одбојкарскиот прволигаш ГОК Борец успеа донесе странско засилување во своите редови. Станува збор за поранешен младински репрезентативец на Украина, Станислав Азаров, кој игра на позицијата коректор и примач.

191-сантиметри високиот Азаров во Велес доаѓа од екипата Приблив од Украина, а има и претходно искуство во македонската одбојкарска лига играјќи за екипата на Шутова. Со ова се потврдуваат амбициите на клубот повторување на ланскиот резултат, односно влез во плеј-офот.

Велешани в сабота ќе играат контролен натпревар против актуелниот шампион на Македонија, екипата на Џио Струмица. Новата сезона започнува наредниот викенд, а велешани во премиерниот настап ќе ја пречекаат екипата на Весна Пробиштип.