Ѓорѓиев: Турција е силна, но мислам дека не е непобедлива

Вториот предизвик за Македонија на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство во Скопје ќе биде репрезентацијата на Турција. Ривалот ни е голем должник од последното соочување, на кое не порази со убедливи 3-0.

Капитенот на македонската селекција Никола Ѓорѓиев смета дека денешниот противник е решлива енигма за него и соиграчите.

„Турција е силен тим, има голем потенцијал, но мислам дека не е непобедлива. Ако ние одиграме многу подобро отколку против Босна и Херцеговина, тогаш може да сметаме дека ќе му парираме на фаворитот. Посакувам да почнеме добро, тогаш ќе имаме стабилност и ќе носиме правилни одлуки на теренот“ , вели Ѓорѓиев.

Прва ѕвезда кај Турците е Адис Лагумџија кој има само една замерка за својата екипа во пресрет на мечот со нашата селекција.

„Ние почнавме добро против Босна и Херцеговина. Треба да направиме само една корекција, а тоа е сервисот. Вчера многу грешевме, а доколку го подобриме тој елемент, мислам дека ќе ја забележиме втората победа на турнирот“ , вели турскиот репрезентативец.

Дуелот меѓу Македонија и Турција е закажан за денес со почеток од 18:00 часот.