Ѓорѓиев: Тажен сум за поразот, мора да ѝ се реваншираме на Данска!

Македонската репрезентација во одбојка загуби од Данска без добиен сет (3-0) во третото коло од Сребрената лига на ЦЕВ. Данците го искористија уморот на момците на Матијашевиќ и во три тесни сета го доби натпреварот. 

По мечот, своето мислење и разочарување го изнесе капитенот на Македонија, Никола Ѓорѓиев.

„Тажен сум поради поразот, мора да изанализираме добро и да почнеме да се поправаме. Не сакам да ни се случи 2018 кога губевме во група и дојдовме на завршниот турнир со мала самодоверба. Сега треба да одиме во Данска да се реваншираме, а за да го сториме тоа, ние мора да ја играме основната игра. Признавам дека тие вечерва беа одлични, но и ние им помогнавме“, изјави Ѓорѓиев. 

Иако Ѓорѓиев беше најефикасен, а добри партии имаа Љафтов и Николов тоа не беше доволно против против младите Данци кои одиграа одлично и запишаа голема победа.