Ѓорѓиев: Сонувам да ја видам „Фалангата“ и да се почувствуваме како ракометарите (ВИДЕО)

Веќе неколку дена македонската одбојкарска репрезентација се подготвува во Маврово и во хармонична атмосфера чека да дојде време за Европското првенство во Словенија. Предводени од нашиот капитен Никола Ѓорѓиев, одбојкарите ја минуваат клучната фаза на физичка подготовка.

Сепак, нашата најголема ѕвезда верува дека за момент одбојкарите ќе се почувствуваа како ракоматарите по нивните најголеми успеси.

„Ќе беше тажно и жално ако не се квалификувавме на ова Европско првенство. Ова е круна на генерацијата и мислам дека успеавме да ја подигнеме свеста за овој спорт во Македонија. Да бидеме реални - ние немаме шанси да се квалификуваме на Светско првенство или Олимписки игри, па ова е наша круна.

Сонуваме да ја видиме „Фалангата“ и да се почувствуваме како ракометари. Имаме најави дека ќе дојдат многу наши луѓе и заедно ќе се дружиме. Сонуваме да славиме во шатори по победите во Љубљана. Поддржете ја оваа одбојкарска репрезентација“, ни рече Ѓорѓиев. 

  • Погледнете го комплетниот разговор со Никола Ѓорѓиев:

Следниот месец започнува последната фаза, одигрување на пријателски и турнирски натпревари и кристализирање на формата за групната фаза на Европското првенство во Словенија.