Ѓорѓиев: Сон ми беше да дојдам дотука, силно ја посакувам титулата (ВИДЕО)

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев и неговиот тим Завјерче овој викенд ќе имаат голем предизвик, со настап на завршниот Ф4-турнир во одбојкарскиот Куп на Полска кој се одржува во Краков.

Еден од нашите одбојкарски првотимци вели дека уште од мал сон му било да заигра во Полска која е една од најдобрите лиги во светот, а сега, цели на титула во Купот на Полска каде ќе игра против Закса Козле.

„Уште од мал ми беше сон да се натпреварувам во една од најдобрите лиги во светот и тоа ми се оствари. Дојдовме до Ф4-турнирот во Купот, пресреќен сум затоа и очекувам еден тежок натпревар каде јас и сите играчи ќе дадеме максимум да дојдеме до финале, а потоа и да ја освоиме титулата. Спремни сме и мотивирани и сметам дека ќе биде еден добар меч против Закса“, вели Ѓорѓиев.

  • Видео-изјавата на Ѓорѓи Ѓорѓиев:

Дуелот меѓу Козле и Завјерче ќе се игра в сабота од 14:45 часот, додека второто полуфинале е од 17:30 часот. Завјерче досега нема освоено титула во Купот на Полска.