Ѓорѓиев: Сакаме да завршиме со победа, а ако даде Бог - да одиме на ЕП

Македонската одбојакрска селекција, утре го игра клучниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. 

Генерацијата предводена од капитенот Никола Ѓорѓиев, кој е прв стрелец во тековниот цуклус, се надева на дебитантско учество на континенталните самити, но за да се стигне до тоа не решава само натпреварот против селекцијата на Унгарија. 

„Атмосферата е на пониско ниво, меѓутоа тоа може да биде и предност за нас. Со позитивна мисла можеме да направиме подобра игра и подобар резултат отколку со Украина. Многу работи може да се променат во зависност од резултатите од другите натпревари коишто се пред нашиот, но ние мора да победиме без оглед дали тие резултати ќе ни одговараат или не. Сакаме да завршиме со победа, а ако даде Бог, да одиме на Европското првенство 2019. Ако не можеме, треба да мислиме на иднината и на нашиот рејтинг со цел да имеме подобра ждрепка за наредниот циклус којшто ќе почне во 2020-тата. Јас имам некое чувство дека Летонија и Шведска ќе победат и дека со наш триумф над Унгарците ќе се радуваме на пласман“, вели капитенот Ѓорѓиев.

Македонија и Унгарија утре ќе го одиграат четвртиот меѓусебен натпревар во квалификациите за Европско првенство. Пред две децении Унгарците забележаа две победи, а Македонија се надева дека ќе го израмни билансот на 2-2.