Ѓорѓиев: Поквалитетни сме од Хрватска, сакаме злато од Сребрената европска лига (ВИДЕО)

По одличните настапи во групната фаза нашата најдобар одбојкарска селекција се подготвува за најголемиот предизвик оваа сезона – завршниот турнир од Сребрената европска лига.

Наш прв противник на Ф4 турнирот во Струмица е селекцијата на Хрватска, а во пресрет на овој дуел капитенот Никола Ѓорѓиев истакна дека Македонија е фавориот и ќе атакува на златниот медал.

„Нашата цел е јасна – освојување на Сребрената европска лига. Имаме квалитет, тоа го покажавме на сите натпревари во групата, а тоа ни донесе убедливо прво место. Наш прв противник е Хрватска. Сметам дека во овој момент сме поквалитетни од нив, но сè зависи од нашата игра. Искрено, враќањето на публиката многу ќе ни значи. Среќни сме што нашата струмичка публика која ја знае одбојката ќе нè борди и ќе биде нашиот седми играч“, рече Ѓорѓиев.

  • Комплетната видео изјава на Никола Ѓорѓиев: 

Полуфиналето меѓу Македонија и Хрватска се игра утре, од 17:00 часот, а потоа ќе се сретнат Данска и Унгарија. Финалната пресметка е закажана за в недела од 20:00 часот.