Ѓорѓиев најдобар техничар, МВП наградата во рацете на Николов

Македонија и Бугарија одиграа два натпревари во изминатите два дена во рамки од 44-тото издание на турнирот „Бранко Хаџииљоски - Чајка“.

Во двата наврати подобар беше нашиот источен сосед, кој почнуваше лошо, но потоа правеше пресврт. Најистакнат поединец во бугарскиот тим беше Александар Николов кој заслужено ја однесе МВП наградата.

Македонската репрезентација имаше свој претставник меѓи најдобрите. Ѓорѓи Ѓоргиев беше прогласен за најдобар меѓу техничарите.

Двете селекции ќе одиграат уште два меча, овојпат на бугарско тло.