Ѓорѓиев на чекор до голем успех: Мили Пјанго со една нога во финалето на Челинџ Купот

Македонскиот репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев е на само еден чекор до голем успех во својата кариера. Неговиот тим Мили Малије Пјанго славеше со убедливи 0-3 (21-25, 19-25, 23-25) во сетови на првиот полуфинален дуел од Челинџ Купот против фаворизираната Равена од Италија.

Првиот сет го добија гостите од Турција со 21-25, во вториот беше уште полесно 19-25, додека најнеизвесен беше третиот сет, кој Ѓорѓиев и соиграчите го добија со 23-25. Реваншот се игра за една седмица во Турција.

Можен противник на Мили Пјанго во финалниот меч би бил грчкиот Олимпијакос, кој беше подобар со 0-3 од рускиот Сургут.