Ѓорѓиев: Имавме подготовки како Бразил, ова е шанса за оваа генерација!

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, пред заминувањето на Европското првенство (ЕП) во Словенија говореше во име на тимот и истакна дека е задоволен од подготовките, а сега следи она вистинското.

„Малку сум скептик, бидејќи од 9 јануари немавме официјален натпревар, но по она што го видов против Бугарија и Украина сме на вистински пат. Имавме многу повреди, првпат во кариерата на собир со толку проблеми, веќе 4-5 дена сме комплетни и се надевам дека здравјето ќе не послужи и ќе одиме со чисти глави во првиот меч. Имавме подготовки на ниво на Бразил, секоја чест за ОФМ... благодарен за тоа, работевме заедно како целина и тој труд ќе излезе на виделина. Имаме голема шанса за оваа генерација, во пет години петпати сме на Ф4 во Европската лига, шансите ќе ги бараме против Финска, Белорусија и Турција, одлична генерација и клупа и ветувам дека од Словенија ќе може да очекувате многу добри вести“, изјави Ѓорѓиев.

Одбојкарите на ЕП тргнуваат на 12 септември, а прв противник ќе биде селекцијата на Финска.