Ѓорѓиев и Завјерче по голема борба и пет сета поразени на Ф4 во Купот

Македонскиот репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев и неговиот Завјерче не успеаја да направат подвиг во Купот на Полска и на Ф4-турнирот во Краков доживеаја елиминација.

Завјерче играше со Закса Козле и важеше за аутсајдер на хартија, ама многу го намачи фаворитот. Тимот на Ѓорѓиев загуби со 2-3 во сетови (25-20, 19-25, 18-25, 25-20, 15-11) откако остана без енергија во последниот сет.

Ѓорѓиев натпреварот го заврши со една асистенција, а немаше поентерски учинок.