Ѓорѓиев: Го сакаме првото место во Сребрената лига

По три финалиња во Европската лига и одлична промоција со две победи во дебитантскиот настап на континенталните самити, како и остварената цел во јануарските квалификации за претстојното Европско првенство, македонските одбојкари создадоа реноме коешто им дава право да сметаат дека на секој нареден настан треба да одат чекор напред. Во случајот со Европската сребрена лига тоа значи освојување златен медал, особено што завршниот тунир ќе биде кај нас, исто како и во 2018.

За разлика од последниот квалификациски циклус, во националниот состав на селекторот Никола Матијашевиќ сега се уште шестмина, вкупно 20 репрезентативци. Тренинзите ќе бидат во салата „Парк“ во Струмица каде што ќе бидат одиграни средбите од првиот турнир во нашата група А.

„Ова ќе биде долг репрезентативен период и задовоство е што ќе го почнеме со учество во Европската сребрена лига во којашто се враќаме по три години. Сакаме да го освоиме првото место, а потоа ќе размислуваме за Европското првенство во септември. Амбициите се јасни и верувам дека се остварливи“, убеден е капитенот Никола Ѓорѓиев.

Прв турнир, Струмица:
21 мај (петок)

17:00 Данска – Израел
20.00 Македонија – Кипар

22 мај (сабота)
17:00 Данска – Кипар
20:00 Македонија – Израел

23 мај (недела)
17:00 Израел – Кипар
20:00 Македонија – Данска

Втор турнир, Шлагелсе (Данска):
28 мај (петок)

16:00 Израел – Кипар
19:00 Македонија – Данска

29 мај (сабота)
16:00 Израел – Македонија
19:00 Данска – Кипар

30 мај (недела)
16:00 Кипар – Македонија
19:00 Данска – Израел