Ѓорѓиев: Финска е наша енигма, ќе бидеме обединети како тим

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, ги кажа очекувањата за првата средба на Европското првенство (ЕП) која е против Финска.

Македонија за првпат во историјата е на европскиот одбојкарски собир, а нашиот најдобар одбојкар потенцира дека првиот ривал е енигма, но тимот ќе остане обединет, ќе анализира и ќе се обиде да тргне триумфално.

„Никогаш не сме играле против Финска. Секако, од видеата што ги гледавме, дознавме за нивниот квалитет и длабок ростер што го поседуваат. За нас, ова е голем натпревар, затоа што е прв меч на Европските првенства. Одиме да победиме, затоа што работевме напорно пред ова ЕП. Подготовките се одвиваа различно од претходно. Овој тим е подготвен за дебито. Најдоброто од се е што сме обединети како тим и заедно сме како едно“, изјави Ѓорѓиев.

Македонија и Финска ќе играат в четврток, во салата „Стожице“ во Љубљана, со почеток од 17:30 часот.